Во согласност со правилата од грантот за Проектот Еразмус+ проектот 2023-1- RO 01- KA220-SCH-C02AAF4B IoT and IoRT in education , кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за аплицирање на 18 ученика од I, II и III година кои преку овој проект за информатика би биле вклучени во Еразмус+ програмата , односно мобилностите што ќе се одржуваат во периодот помеѓу и декември 2023 година и октомври 2025 година во:
Романија, Турција и Португалија
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:
- Мотивационо писмо;
- CV;
- Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).
Документацијата се доставува до секретарот на училиштето, не подоцна од 13.10.2023 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:
Informatica – innovative space for individuals aspiring to become programmers
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- Познавања од вештачка интелегенција
- Компјутерска графика (обработка на видеа)
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- усна презентација
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од природно-математичките паралелки, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.
- Откако ќе бидат избрани соодветните кандидати, со извлекување ќе се избере кој кандидат во која мобилност/држава ќе учествува.
04.10.2023, Охрид Директор: Светлана Велкоска