Kонкурс за учество во Еразмус+ проект: New Habits, New Earth

Во согласност со правилата од грантот за Проектот  Еразмус+ проектот 2023-1-PL 01 -KA210-SCH-E4E54F47  New Habits, New Earth, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид  распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање на 8 ученика од I и II година кои преку овој проект за екологија  би биле вклучени во Еразмус+ програмата , односно мобилностите  што  ќе се одржуваат во периодот помеѓу и декември 2023 година и  март 2025 година во:    

Полска и Италија

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • CV;
  • Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето, не подоцна од 13.10.2023 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:

By cultivating new practices, we can help heal and restore our environment

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • учество во еколошки акции
  • општи познавање за значењето на екологијата
  • успех од претходната година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од природно-математичките паралелки, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти. 

  • Откако ќе бидат избрани соодветните кандидати, со извлекување ќе се избере кој кандидат во која мобилност/држава ќе учествува.

04.10.2023, Охрид                             Директор: Светлана Велкоска