Kонкурс за учество во Еразмус+ проект: United Against Bullying

Во согласност со правилата од грантот за Проектот  Еразмус+ проектот  2023-1-FR01 – KA210-SCH-79B33063 United Against Bullying, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид  распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање на 8 ученика од I и III година кои преку овој театарски проект би биле вклучени во Еразмус+ програмата , односно мобилностите  што  ќе се одржуваат во периодот помеѓу  декември 2023 година и  декември 2024 година во:

Италија, Србија, Турција и Франција

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • CV;
  • Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето, не подоцна од 13.10.2023 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:

The art of conveying emotions through theater

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • афинитет за глума
  • успех од претходната година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од јазичните паралелки, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти. 

  • Откако ќе бидат избрани соодветните кандидати, со извлекување ќе се избере кој кандидат во која мобилност/држава ќе учествува.

04.10.2023, Охрид                             Директор: Светлана Велкоска