
Сезоната на Еразмус+ проекти ја започнуваме со посета на Изегем, Белгија каде 4 наши ученици: Тамара Парулеска, Јован Василески, Лора Ристеска и Димитар Гашоски придружувани од професорките Надица Николоска Филипоски и Александра Томоска учествуваат на првата мобилност од проектот Go green, include me in. Во периодот од 2 до 6 октомври тие ќе работат на тема соларна енергија, ветерници и електрични автомобили со партнер училишта од домаќинот Белгија, Шпанија и Турција.