МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ – ВАЖНОСТА НА МЕНТАЛНАТА ХИГИЕНА И ГРИЖАТА ЗА СЕБЕСИ

Менталното здравје не може да биде изолирано од целокупното здравје. Тоа има многу аспекти, а најважни се психолошкиот, социјалниот и емоционалиот аспект. Кога ние се чувствуваме пријатно во сите тие аспекти, тогаш водиме добра грижа за нашето ментално здравје. Но, тоа не значи дека ние не чувствуваме негативни емоции. Клучот е во тоа да знаеме како нив да ги канализираме за да не си наштетиме на себе си и на околината. За разлика од физичкото здравје (состојби како мигрена, дијабет и др.), лошата ментална состојба е „заразна“ за околината и може да создаде неповолен амбиент за сите околу и во семејството, школското опкружување… Истражувањата за перцепции на средношколците за менталното здравје спроведени во Македонија, покажаа поразителни резултати и ја потврдија потребата од воведување на теми и програми за ментално здравје во средното образование. Преку настан кој ќе се одржи на 17 –ти Октомври (вторник) во 12 часот во холот на Гимназијата, преку презентации, интерактивни вежби и дебата, сакаме на младите да им ја доближиме важноста на грижата за менталното здравје. Настанот ќе биде збогатен со проекции на кратки филмови на оваа тема, изработени од учениците од прва и трета година. Настанот ќе го водат училишниот психолог Алберта Гулицовска и нашата гостинка Јасмина Јовческа, гешталт психотерапевт.