
Преку настан кој ќе се одржи на 17 –ти Октомври (вторник) во 12:30 часот во холот на Гимназијата, преку презентации, интерактивни вежби и дебата, сакаме на младите да им ја доближиме важноста на грижата за менталното здравје. Настанот ќе биде збогатен со проекции на кратки филмови на оваа тема, „Jас и светот околу мене“ изработен од група ученици од прва година: Иво Георгиески, Ана Илоска, Ламбе Иваноски, Стефанија Настевска, Елена Веруш и Кристијан Будоски, како и ученички од трета година, Марија Зороска и Наталија Танеска со два инспиративни авторски филмови.
Настанот ќе го водат училишниот психолог Алберта Гулицовска (вежби со водени фантазии, „мерење“ на индекс на среќата, како и интроспективна вежба на свесност и контрола) и нашата гостинка Јасмина Јовческа, гешталт психотерапевт ( со мини психолошка работилница на тема Мојот внатрешен и надворешен свет во траење од 20 мин, со работа во парови и мали групи).
Сметаме на ваша отвореност и соработка
