Победи на нашите ракометни екипи на општинските натпревари

Вчера во спортската сала при основното училиште ,, Живко Чинго “во Велгошти се одиграа општинските натпревари во ракомет во машка и женска конкуренција за средни училишта на кои најуспешни беа екипите од Охридската гимназија.

На првиот натпревар помеѓу Средното економско училиште ,,Св.Кирил и Методиј” и ОЕМУЦ ,,Св.Наум Охридски,, подобри беа ,,економистите”со резултат 28:23 и го заслужија финалето со,,гимназијалците”.

Во женска конкуренција имаше пријавени 2 екипи,едната од Охридската гимназија а другата од средното економско училиште.

Подобри беа гимназијалките со резултат 13:6.

Во машкото финале во неизвесен натпревар гимназијалците ја однесоа победата со резултат 17:15 и заслужено ги продолжуваат натпреварите во зонска конкуренција.