
Во спортската сала при ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски,, се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка и женска конкуренција. Во
конкуренција беа 3 екипи во машка и 2 во женска конкуренција. Во првиот натпревар во машка конкуренција помеѓу ОЕМУЦ ,,Св.Наум Охридски” и Гимназија после изгубениот прв сет ,,Гимназијалците” се реорганизираат и го добиваат натпреварот со 1:2 во сетови.(26:24;16:25;10:15) со што се пласираат во финалниот натпревар против СОСУ,,Св.Кирил и Методиј”.
Вториот натпревар беше финале во женска конкуренција помеѓу екипите на СОСУ,,Св.Кирил и Методиј” и ОСУ ,,Св.Климент Охридски,, во кој ,,Гимназијалките” со 1:2 во сетови ги совладаа ,,Економистките” (20:25;25:19;8:15).
Третиот натпревар беше финале во машка конкуренција помеѓу ,,Економско,, и ,, Гимназија” во кој ,,Гимназијалците” заслужено победија со 0:2 во сетови. (12:25;17:25).
Гимназиските екипи ги продолжуваат натпреварите во зонска конкуренција.

