ГИМНАЗИЈА „ЗАОКРУЖИ“

Во спортската сала при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј” денеска се одржаа општинските натпревари во кошарка во машка и женска конкуренција. Во првиот натпревар се сретнаа женските екипи на ОСУ ,,Св.Климент Охридски” и ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски” натпревар на кој победата ја заслужија ,,Гимназијалките” со резултат 32 : 29.

Вториот натпревар беше во машка конкуренција помеѓу ОЕМУЦ,,Св Наум Охридски” и ,,Гимназија” во кој со резултат 40 : 37 гимназијалците заслужено се пласираа во финалето со ,,Економско”

Во финалниот натпревар во женска конкуренција се сретнаа екипите на ,,Економистките” и ,,Гимназијалките” во која победа и пласман на зонските натпревари обезбедија ,,Гимназијалките,, со резултат 42 : 32, додека финалето во машка конкуренција го доби Гимназија со резултат 51 : 38, со што Гимназија ги заокружи општинските натпревари освојувајќи ги сите први места.