Активот по историја реализираше еднодневна екскурзија од научно – едукативен карактер

Стручниот актив по историја, составен од професорите Звонко Трпески, Григор Ангеличин Жура и Михаил Патчев, во рамките на годишната програма за работа, на ден 03.11.2023 година, заедно со учениците од I и II година, реализира еднодневна екскурзија од научно – едукативен карактер. Целта на екскурзијата беше да се посетат археолошките локалитети Стоби и Хераклеа, како и Битолскиот музеј, во кој се наоѓаат голем број на историски знаменитости. Преку оваа посета учениците беа запознаени со подалечното и поблиското минато на нашата држава.