Учениците од ОСУ Св.Климент Охридски дел од меѓународниот натпревар Дабар

Под менторство на професорите по информатика Елизабета Левеска, Ѓоко Доревски, Дарко Цветкоски, 214 ученици од I, II,III и IV година во периодот од 13–17 ноември 2023 учествуваа на интернационалниот натпревар Дабар. Дабар е глобален предизвик кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Се спроведува во над 70 држави во светот и има добиено повеќе награди на разни научни конференции. Задачите се создадени со цел да ги мотивираат учениците да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата.