Прва станица од новиот ЕРАЗМУС+ проект „Decreasing the diversities thorugh drama“, Неапол- Италија

Во периодот од 27.11 до 03.12 професорите Стефан Каневчев и Љупчо Аслимоски заедно со учениците Евгенија Огненова, Јана Талевска, Димитар Веслиевски и Наталија Танеска, успешно го реализираа првиот дел од ЕРАЗМУС+ проектот „Decreasing the diversities thorugh drama“, во Неапол-Италија. Целта на проектот е низ игра и песна да се зголеми ефикасноста и самодовербата кај младите луѓе, со сценарио базирано на булинг ситуации од вистинскиот живот. Проектот е во соработка со здружението Xanadu Art.