Јавен оглас бр.4/2023 за пополнување слободни работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува

Јавен оглас бр.4/2023

за пополнување слободни работни места

1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:

Ред.бр.ШифраНазив на работното местоБрој на извршители
1ОБН   04   01   А01   006Домаќин – економ1

2. Работниот однос се заснова на неопределено време.

3. Работниот однос се заснова со полно работно време.

4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:

– да е државјанин на Република Македонија

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо

– да е полнолетен

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на   

   професија, дејност или должност

– да има завршено средно образование и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ

5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.00 часот, а втората во 13.00 часот.

6. Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 25.058 денари.

7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да се преземе од ТУКА

            Со пријавата кандидатите треба да приложат:

  • доказ за завршено образование (уверение или диплома)
  • уверение за државјанство на Република Македонија

Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.071 366118

Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава  нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.

                                                                                    ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид