Нашите ученици дел од збирка есеи – вруток на нивната инспирација

Во рацете на нашите ученици стигна печатената публикација „Средношколски размислувања 7“ на најталентираните средношколци од средните училишта во Македонија пријавени на Конкурсот за најдобри средношколски есеи од Меѓународниот Славјански Институт ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе.

Есеите на нашите талентирани гимназијалци под менторство на м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература, зрачат со оригиналност, креативност и визионерство на следниве теми:
Ана Голабоска (IV-1) – Чекорењето кон животот
Наталија Секулоска (IV-1) – Во огледалото: сликата за нас самите
Кјара Лазаревска (IV-1) – Што научивме од грешките
Калина Јованоска (IV-2) – Јазикот наш денешен
Наталија Савеска (IV-2) – Во огледалото: сликата за нас самите и Што научивме од грешките
Тамара Трајческа (IV-1) – Жени лидери – жените во образованието, науката и бизнисот.

Честитки за сите и уште многу успеси во иднина!