Солиден резултат на Јана Каралиевска, единствената охридска средношколка на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература

Ученичката Јана Каралиевска (III-1) со благодарница за постигнатиот солиден резултат под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој се одржа на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје.

Нашата Јана успеа да биде во 12 најдобри средношколци од цела Македонија освојувајќи 65 поени на тестот за знаење од вкупно 100.

Гимназијалката Јана беше единствен преставник од средните училишта од Охрид со обезбедено учество и натпреварувајќи се во знаење што претставува навистина голем успех со кој се гордееме како Гимназија.

Специфично за овој Државен натпревар беше тоа што учениците се натпреваруваа на наставен материјал од нивната претходна учебна година што му дава посебна тежина на обезбеденото учество и постигнатите резултати.

Продолжуваме континуирано во просветителска мисија со знаење за зачувување на македонскиот јазик.