Овации за драмските глумци во улога на Лица на Револуцијата

Нашите талентирани драмски глумци беа дел од настанот организиран од Општина Охрид во спомен-куќата на Христо Узунов, насловен како Лица на револуцијата: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893-1934“.

Во драмско-сценскиот перформанс главни актери беа талентираните гимназијалци:
Наратор 1 – Константина Крежеска (IV-5),
Наратор 2 – Сара Петкоска (III-3),
Христо Узунов – Димитар Цацаноски (IV-2),
Mетодија Патчев – Ѓорѓи Целески (IV-6),
Кирил Прличев – Димитри Бимбилоски (III-2),
Иван Нелчин – Давид Целески (III-3),
под менторство на професорите м-р Перчо Божиновски и м-р Михаил Патчев.

Интерпретацијата на писмото од Христо Узунов до неговата мајка и приказот на еден настан посветен на славното минато на Македонија и на најзначајните лица од тоа време предизвика овации и воодушевување проследени со долготрајно ракоплескање кај публиката.

Продолжуваме да го негуваме и да го презентираме талентот на гимназијалците.