Хуманоста е доблест и златен клуч на големото срце на Симона

,,Клименте – светост на мојот град” напишана од златното перо на нашата гимназијалка Симона Димитриеска (I-7) зрачи со човечка вредност и заедно со менторот проф. м-р Перчо Божиновски им донесе награда преку којa таа ја искажа својата доблест и го зеде својот златен клуч отворајќи го големото срце за хуманост.

Со паричните средства цврсто реши да даде подароци и обезбедивме 51 новогодишно пакетче кои ги подаривме таму каде што е најпотребно и онаму каде што беше нејзина желба.

Со огромно задоволство бевме пречекани во Игротеката Радост од Здружението ,,ВОПС” и во просториите на Здружението ,,Тајните на Моето Срце. Навистина сме горди и искажуваме огромна благодарност од името на Симона и нејзината соученичка Марија Шиникоска од I-7.

Дополнително секој ученик од класовите I-7 и III-2 ќе си добие новогодишно пакетче.

Чувството дека си во близина и со златните деца нѐ прави поголеми личности.

,,…Твојата човечка вредност ја носам и денес во себе,
Ти верувам беспрекорно дека ќе ме издигнеш на пиедестал како тебе.
Да биде човек над човека со срце на лав, секој сака,
но тоа да го постигне не може без ниедна мака.

И денес овде го славиме името безвременско твое,
го чуваме пишаното Климентово библиско дело како свое.
Ти си патронот кој го чува нашиот стар и вековен град,
Ти си светлоста што го штити и украсува нашиот плоштад,
исправено и гордо кон тебе ја подавам својата рака,
да Ти честитам за постигнатото и создаденото сакам.
Слава Ти!!!”