Од старо направивме ново! Хуманитарна акција на нашите ученици „Донирај компјутер“

Нашите ученици по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние кому им се најмногу потребни како Новогодишни подароци. Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!

ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно со учениците и професорот Дарко Цветкоски кои беа вклучени во целата акција, Ви ја честитаат 2024 година, со желби за уште поголем број вакви и слични акции!