Почеток на новиот ЕРАЗМУС+ проект „Like Us Now and Past“

Од 29.01. до 03.02.2024г.во Измир, Република Турција се одржа првата мобилност од проектот „Like Us Now and Past“. На проектот учествуваа учениците Есра Тоска, Сехер Селман и Мерве Мехмед под менторство на проф. Елизабета Левеска и Светлана Голабоска. Реализацијата на овој проект е во соработка со здружението Ксанаду Арт од Охрид.Во проектот беа вклучени ,освен домаќинот, и ученици со своите професори од Паловице,Полска и Аликанте, Шпанија.На работилниците беа презентирани различни културни традиции низ кои се согледаа различностите, но и блиските врски. Слободното време беше искористено за посета на Измир, Бирги, Голчук, Ефес, Сиринџе и др.локалитети во градот и околината.И од овој проект, кој ќе продолжи и во другите земји, се создадоа силни, искрени пријателстава кои ќе траат.