Нашите гимназијалци на настанот во чест на ликот и делото на Кирил Прличев

Во чест на ликот и делото на Кирил Прличев и по повод 80 години од неговата смрт, денеска во спомен-куќата на Христо Узунов се одржа пригодна свеченост, организирана од страна на Општина Охрид во соработка со Националната установа Завод и музеј.
На настанот присуствуваше внуката на Кирил Прличев, Олга Прличева.
За значењето на Кирил Прличев во охридската и македонската историја, зборуваше м-р Михаил Патчев, по што следуваше културно-уметничка програма.
Најмладите имаа можност да спознаат нови моменти од животот и делото на овој наш славен охриѓанец, а преку драмската изведба на гимназијалците од ОСУ ,,Свети Климент Охридски” и изложбата „Лица на револуцијата“ сценски и визуелно со нивната фантазија да допрат до историските моменти од нашето минато.