Работилница „Потребите и предизвиците на средношколците“ во соработка со Младински центар

На ден 15.02.2024 (четврток) во училишната библиотека, учениците од втора и четврта година беа активни учесници на работилницата на тема „Потребите и предизвиците на средношколците“ реализирана од страна на Младинскиот центар. Оваа работилница беше од едукативен карактер за нашите ученици. Се дискутираше за Законот за средно образование, Законот за младинско учество и младински политики, за начинот на функционирање на ученичките заедници како и за функцијата дете-правобранител во училиштата. Учениците споделуваа искуства од секојдневните случки, предизвици со кои се соочуваат во времето кое го поминуваат на училиште како и потребите и предизвиците на младите средношколци воопшто во градот Охрид. Учениците дадоа свој придонес со предлог решенија на конкретни проблеми. Целта на оваа работилница беше да се лоцираат нивните приоритетни потреби и проблеми со кои се соочуваат, а потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците.