Прво, трето и петто место на едукативен квиз за македонскиот јазик

Нашите талентирани гимназијалци најуспешни на едукативниот квиз за средношколци по повод 21 Февруари – Меѓународнен ден на мајчиниот јазик во организација на Младински Центар Охрид и Македонска квиз асоцијација.

Под менторство на професор м-р Перчо Божиновски нашите ученици постигнаа одлични резултати во конкуренција на 7 екипи од средните училишта.

Прво место тим ,,Оливера”:
Бојан Секулоски (II-8)
Димитар Ѓуроски (III-8)
Марко Тодороски (III-2)
Ема Хаџи-Василева (IV-1).

Трето место тим ,,Императори”:
Иво Георгиески (I-7)
Ламбе Иваноски (I-2)
Евгенија Огненова (III-5)
Бурак Рахман (IV-5).

Петто место тим ,,Босс”:
Александар Ристевски (III-2)
Мартина Настевска (III-2)
Марко Ќушкоски (III-2)
Ана Голабоска (IV-1)

Нашите ученици испраќаат јасна порака за важноста на македонскиот јазик преку негово негување, искрено чување и правилна употреба.

Сите игри беа поврзани со развојот на македонскиот јазик, со неговите особености, дијалекти, граматика, правопис и правоговор, со македонската книжевност, како и реплики од македонски филмови и рефрени од македонски песни.

Јазикот е нашата татковина!