Охридската гимназијата домаќин на претставниците од Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

На 29.02.2024 година, Охридската гимназијата беше домаќин на претставниците од Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Проф. д-р Љупчо Кеверески, Проф. д-р Билјана Граматковски и Проф. д-р Марија Ристеска, пред нашите матуранти, како идни студенти, ги претставија и промовираа студиските програми и ги мотивираа учениците за правилен избор за нивното понатамошно образование.