Во новиот Еразмус+ проект, од Охрид до Кариби!

На 23,24 и 25 февруари, 2024 г. во Аруба, Карипски острови, се одржа подготвителниот состанок за
Ерасмус+ проектот ,,Младински клуб на љубители на растенијата низ целиот свет“. Во него учествуваа професорките Ирена Бачиќ и Славица Кичеец, а домаќин на оваа прва мобилност беше училиштето ,,Edu Campus“.
На овој подготвителен состанок се презентираа целите на проектот, официјалната програма,
менаџментот и иновативниот пристап кон оваа тематика. Понатаму, се организираше планинарење
низ Националниот парк „Арикок“ и „Шпанската лагуна“ каде учесниците можеа да се запознаат со
растителниот свет и вегетацијата на островот.
Беше прикажана мултимедијална проекција за типичниот растителен свет, како и предавање за
добрите практики во областа на природните науки.