Солидни резултати на нашиот тим на националниот турнир во ,,Изборологија”

Тим од 10 ученици се натпреваруваше на националниот турнир за средношколци во ,,Изборологија” со вкупно 10 средни училишта од Македонија, во организација на здружението ЛЕАД во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Тимот талентирани гимназијалци го сочинуваа:
Ѓорѓи Целески (IV-6),
Димитар Цацаноски (IV-2),
Тамара Ѓурчиноска (III-2),
Ана Голабоска (IV-1),
Ема Хаџи-Василева (IV-1),
Бурак Рахман (IV-5),
Марио Јосифоски (IV-7),
Андреј Јанески (IV-7),
Стојан Велкоски (IV-7),
Дамјан Јакимоски (IV-7),
под менторство на професор м-р Перчо Божиновски.

Како вистински лидери нашите ученици постигнаа солидни резултати во своите сесии:

  • Три први места (Тамара, Андреј и Дамјан)
  • Две втори места (Ана и Стојан)
  • Три трети места (Ема, Марио и Бурак)
  • Две четврти места (Димитар и Ѓорѓи), односно сите заедно како тим вкупно 292.

Нашите гимназијалци во играта преку носење стратешки одлуки, спроведување мерки и активности, тајни мисии, влегоа во улогата на лидери со цел подобрување на своите знаења за теми поврзани со демократијата, граѓанинот и државата.