Гимназијалците во пролетна акција за чистење на плажите!

Нашите гимназијалци од втора година беа супер вредни собирајќи околу 60 вреќи ѓубре од Куба Либре до Гранит во првата пролетна акција за чистење на плажите оваа година.

Учениците се вклучија преку проектната активност Култура на здраво живеење со професорот Никола Тренески, заедно со претставникот од Училишниот Одбор, проф. Вера Јовческа и директорката Светлана Велкоска.

Здружението Енхелеус Лихнид работеше со едната група околу старата детска болница, а со другата група работеше иницијативата за спас на дрвјата ,,Павле Лоза и Дрвјата”, и двете си поддршка од ЈП ,,Охридски Комуналец”.

Благодарност до гостилница Мече за храната, до Изворска Охрид за водата и Омега транспорт за превозот на учениците.