„United against bullying“, нов Еразмус+ проект на нашето училиште

Од 04-08 март, во Париз , Франција се одржа првата мобилност од новиот проект „United against bullying“. Партнер училишта во овој проект се училиштата од Крагујевац – Србија, Наполи-Италија, Анамур-Турција и Париз Франција. Работејќи во интернационални групи, учениците учествуваа во креирање на приказни (story telling) и ја разработија се почестата појава на булингот во училиштата. Целта на проектот е преку отворено поставување на булингот како современ проблем да се подигне општествената свест и да се изнајдат одржливи решенија. Во рамките на проектот , беше реализирана посета на значајни историски споменици како што се Ајфеловата кула, Лувр, Нотрдам, посета на Монмартр , музејот „Europa Experience“ и Центарот „Georges Pompidou“.