Гимназијалците во посета на Владата!

Како дел од проектот „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“ на невладината организација „Жртва“ и Европски Универзитет поддржан од UNDP (чија цел е зајакнување на капацитети за сузбивање и превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади од општина Охрид) група гимназијалци на 7 март беа во работна посета на Владата. Тие беа примени од националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски, кој ги запозна со безбедносните активности на неговиот сектор.
Следуваше посета на невладината организација Иницијатива за европска перспектива – ИЕП, како дел од граѓанскиот сектор, која се занимава со истата проблематика и често соработува со спомнатиот тим од Владата. Проектот продолжува со теренски активности низ Охрид.