Одлични резултати на регионалниот натпревар по информатика!

На 09.03.2024 во Струга се одржа XXXII регионален натпревар по информатика во областа на програмирањето. Во конкуренција од 230 ученици од основните и средните училишта во цела Македонија, ученици од СЕМОС академија, центарот за едукација Круг и математичко информатичката гимназија, нашите ученици покажаа одлични знаења и се најдоа меѓу најдобрите. Климент Велкоски III година освои II награда – ментор Елизабета Левеска Елена Стојоска II година освои III награда – ментор Дарко Цветкоски Учениците се пласираа за Државниот натпревар по информатика. Учениците Илија Волканоски, Михаил Рувинов и Андреј Трајкоски добија пофалници за своите успеси. Уште еднаш покажавме дека нашата гимназија секогаш се наоѓа меѓу најдобрите!