Одлични резултати на нашите ученици на регионалниот и пласман на државниот натпревар по математика

На 02.03.2024 во Гостивар се одржа регионален натпревар по математика на кои зедоа учество 10 ученици од нашата гимназија. На истиот нашите ученици покажаа одлични знаења и резултати : Николоска Елена I година освои III награда – ментор Валентин Чачор, Чепуњоска Ема I година пофалница – ментор Валентин Чачор, Елена Стојоска II година освои III награда – ментор Сузана Маркоска Недеска и Михаил Рувинов IV година освои III награда – ментор Вера Јовческа .Учениците се пласираа за Државниот натпревар по математика.