Одличен успех на општинскиот и пласман на регионалниот натпревар по англиски јазик на нашите ученици

На општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 16 март Катерина Балева и Филип Крстески од трета година освоија втора награда, ментор Даниела Спироска. Од втора година Мартина Симиџиоски освои трета награда, ментор Ана Топенчарова Коваческа. Сите тројца обезбедија пласман на регионалниот натпревар. Успешно се претставија и Елеонора Јанеска од втора година и Елена Николоска и Јована Шутароска од прва година.