Потпишан меморандум за соработка помеѓу гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и Факултетот за биотехнички науки – Битола

На ден 22.03.20224 година, Директорката на училиштето Светлана Велкоска и Деканот, проф. д-р Гордана Димитровска потпишаа меморандум за долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка. Покрај другите можности, оваа соработка ќе им овозможи на учениците стручни посети при изведување на активности како и организирање и реализација на практична настава во Факултетот во зависност од расположливите можности. Претставниците на Факултетот за биoтехнички науки од Битола пред матурантите ги претставија студиските програми и преку презентација ги запознаа учениците со лабораториите и можностите кои ги нуди Факултетот.