Нашите ученици одржаа отворен час во ООУ Христо Узунов по повод 21 Март – Денот на екологијата

На 21.3.2024 по повод Денот на екологијата, учениците од Гимназијата ОСУ „Св. Климент
Охридски“ – Даријан Ангелоски, Стефанија Мишоска, Митко Савев, Калина Стојаноска,
Симона Упарческа и Јана Џамтоска од класот III-5, одржаа отворен час на тема „Глобално затоплување“ под менторство на проф. Менка Ѓореска пред учениците од ООУ „Христо Узунов“. На отворениот час гимназијалците ги запознаа основците со негативните последици од
глобалното затоплување што станува сѐ поинтензивно поради несовесната активност на
луѓето. Акцент беше ставен на зголемувањето на катастрофални непогоди во изминатите
години. Предавањето е дел од соработката помеѓу двете училишта и претставува можност за
промовирање на Гимназија пред потенцијалните ученици.