Грст награди на ,,1. Детски Прличеви беседи”

Нашите ученици и нивните ментори освоија грст награди на манифестацијата „Први Детски Прличеви беседи“ во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер Охрид“ и Општина Охрид.

Талентираните гимназијалци освоија 7 награди на конкурсите распишани за првпат за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, а по повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“.

За најдобра поетска творба:
Прво место – Симона Димитриеска (I-7), ментор: м-р Перчо Божиновски;
Второ место – Ива Јованоска (IV-3), ментор: Маријана Танеска.

За најдобар есеј:
Прво место – Мартина Настевска (III-2) и
Второ место – Иво Георгиески (I-7), со ментор: м-р Перчо Божиновски.

За најдобар рецитатор:
Прво место – Константина Крежеска (IV-5), ментор: м-р Перчо Божиновски.

За најдобар оратор:
Прво место – Сара Петкоска (III-3) и Второ место – Ѓорѓи Целески (IV-6), со ментор м-р Перчо Божиновски.

Поезијата, прозата, рецитирањето и ораторството докажавме дека се нашите одлични страни, продолжуваме и понатаму со негувањето на убавиот пишуван збор и силната говорена реч.