Нашите гимназијалци на предавање за „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид”

На ден 28.03.2024 година нашите гимназијалци и професорот по историја Михаил Патчев присуствуваа на предавањето во рамките на проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид”, што се одржа просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Концептот на проектот е осмилен на таков начин да преку имплементација на 14 активности се постигнат целите на истиот. Дел од активностите се однесуваат на реализација на еден од современите пристапи за дигитализација и промоција на културното наследство, а тоа е изработка на идејна виртуелна реконструкција. Конкретно, тоа е виртуелна посета на самиот локалитет, во онаа состојба во која локалитетот бил во минатото со што посетителот доживува едно необично и доста интересно искуство. Додека пак, дел од активностите се наменети за едукација на младата популација во Охрид, доловувајќи го значењето на културното наследство и потребата од правилниот недеструктивен однос кон истото.