Нашите ученици на хемиски спектакл организиран од Институтот за хемија на Природно математичкиот факултет – Скопје

На покана на Институтот за хемија на Природно математичкиот факултет – Скопје, учениците од трета и четврта година, природно-математичка насока, учествуваа на хемискиот спектакл кој што го изведуваа студенти и вработени на факултетот. Со цел унапредување на хемијата како наука и доближување на истата кон учениците беа изведени експерименти од забавен карактер. Учениците беа воодушевени од шоу – програмата и пристапот на експериментите, како и самата организација на програмата. Страста на нашите ученици за хемијата беше очигледна во секој аспект на презентацијата, од привлечните демонстрации до проникливите објаснувања на среќните и несреќни хемичари.