Награди и на регионалниот и пласман на државниот натпревар по англиски јазик!

На регионалниот натпревар по англиски јазик што се одржа на 13 април, ученичката Мартина Симиџиоски од втора година освои втора награда и се пласира на државниот натпревар, ментор Ана Топенчарова Коваческа. Ученичката Катерина Балева од трета година освои втора награда и се пласира на државниот натпревар, а ученикот Филип Крстески од трета година освои трета награда, ментор Даниела Спироска.