Второ место на нашиот тим на општинскиот натпревар по прва помош!

На 50-от општински натпревар по прва помош, организиран од страна на Општинската организација Црвен крст Охрид, кој се одржа на 13.04.2024, нашиот тим го освои второто место.
Тимот беше составен од шест членови, ученици од нашето училиште, Јана Талевска III година – тим лидер, Иво Георгиески I година, Дарија Талевска I година, Исидора Маркоска II година, Давид Целески III година, Михаил Николоски III година под менторство на проф. Христина Кузманоска. Честитки до сите нив!