Учиме и се запознаваме едни со други!

На 18 април 2024 г. нашето училиште успешно ја спроведе активноста во рамките на проектот на мултикултурната интеграција. Учениците од II, III и IV год. Со професорите Јане Богоески, Тања Билко, Радмила Толеска, Михаил Патчев и психологот Алберта Гулицовска остварија посета на велелепните цркви во стариот дел на Охрид- Св Софија и Св.Богородица-Каменско, како и посета на Али Пашината џамија, каде се запознаа со различностите меѓу разните култури, но исто така учеа и за сплотеноста во меѓучовечките односи на мултикултурата во нашето општество. Учиме и се запознаваме едни со други!