ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Главна цел на овој меѓународен ден е да ја подигнеме свеста кај учениците и воопшто кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата Земја.

Овој ден се одбележува насекаде низ светот со најразновидни бројни акции кои се насочени кон заштита на нашата планета, како што се: садење дрвја, еколошки акции за собирање отпад, борба против климатските промени, едукативни предавања, предлози и иновативни решенија, работилници и многу други.

Сакајќи да придонесеме кон тоа, Еко-тимот и учениците од нашето училиште во соработка со ЈП Охридски Комуналец, го одбележаа 22-ри Април Меѓународниот ден на планетата Земја со засадување млади садници. Исто така ученците од трета година одржаа едукативно врсничко предавање на учениците од прва година на тема: Негативното влијание на човекот врз планетата Земја.