Изведена еднодневна екскурзија во Крушево од научно – едукативен карактер

Професорите по историја Григор Ангеличин Жура и Михаил Патчев, во рамките на годишната програма за работа, на ден 23.04.2024 година, заедно со учениците од I и II година, реализираа еднодневна екскурзија од научно – едукативен карактер. Целта на екскурзијата беше да се посетат историските знаменитости во градот Крушево, односно споменикот “Илинден” или Македониум, вечните почивалишта на Илинденците, спомен-куќата на Тоше Проески, музејот во с. Смилево, како и градот Битола, во кој се наоѓаат голем број на историски знаменитости. Преку оваа посета учениците беа запознаени со дел од минатото на нашата држава.