Нашите уметнички души работеа на принтови на јапонска графика од 17-тиот век

По повод 30-годишното пријателство меѓу Јапонија и Македонија, јапонската амбасада организира изложба на принтови на јапонска графика од 17-тиот век. За таа цел, нашите талентирани ученици од II -1 клас Катерина Каланоска и Ана Бошнакоска под менторство на проф. по ликовна уметност Филип Илиески работеа на репродукции на принтовите како нивна интерпретација. Нивните цртежи ќе бидат изложени со цртежите од учениците од други градови од Македонија. На тој начин сите заинтересирани ќе имаат можност да ја погледнат оваа изложба во Куќата на Робевци во наредниот период и да се запознаат со историското значење и карактер на јапонската графика.