Одиме на државен натпревар по историја

Здружението на историчари на Република Македонија, согласно добиената акредитација, на 13.04.2024 и 27.04.2024, одржа општински и регионални натпревари по Историја, за средно образование. По успешниот општински натпревар, учениците од прва година од ОСУ ,,Св. Климент Охридски” – Охрид, Кристина Божиновска, Дуња Бачиќ и Марина Каневче, под менторство на проф. Григор Ангеличин – Жура, како единствени учесници од општината и регионот, успешно се претставија и на регионалниот натпревар. Притоа ученичките Дуња Бачиќ и Марина Каневче, изборија можност да ја претставуваат нашата Гимназија и регионот, на државниот натпревар по Историја, кој ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на ден 18.05.2024 година. Честитки за нашите ученици и им посакуваме успех на натпреварот.