Одлични резултати на нашите ученици на државниот натпревар по биологија

Учениците од нашата Гимназија на 18.05.2024 г. зедоа учество на државниот натпревар по биологија кој се одржа на ПМФ Скопје и одлично се претставија. Во категоријата I година ученикот Петар Стојановски освои I награда под менторство на професор Славица Кичеец. Ученичката Филипа Мијалкова од II година освои II награда под менторство на професор Емилија Трајческа. Митко Савев од III година освои II награда под менторство на професор Весна Цветкоска. Во категорија III година III награда освоија учениците Димитар Ѓуроски, Софија Милеска, Јана Џамтоска и Симона Упарческа. Марија Зороска од III година доби пофалница. На учениците и менторите им честитаме за извонредните резултати.