Oдржана виртуелна конференција за целите и значењето на Еразмус+ проектот „From Waste to Art for a Sustainable World“

Во рамките на Еразмус+ проектот „From Waste to Art for a Sustainable World“ во кој партнер е и Гимназијата, на 22.5.2024 година одржана беше виртуелна конференција за целите и значењето на проектот. Покрај тоа што се презентираа остварените активности,  на конференцијата на која домаќин беше нашето училиште, предавање за состојбите во нашиот регион, проблемите и мерките кои се преземаат за заштита на водите одржа д-р. Орхидеја Тасевска, директор на Хидробиолошкиот завод. На предавањето присуствуваа претставници и ученици од земјите партнери вклучени во проектот.