Нашите ученици присуствуваа на проекцијата на документарниот филм „Охрид, Охрид, убав мил”

Документарен филм изработен од страна на Илија Пиперкоски, во кој се
зборува за настанување на песната „Охрид, Охрид, убав мил” и низ прекрасен
наратив можеме хронолошки да се запознаеме со тајфите и трубадурите кои
негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните
песни. Воедно, може да се слушнат интервјуа од учесници кои сведочат за
настанувањето на песната „Охрид, Охрид, убав мил” во кои тие зборуваат за
инспирацијата, мотивите и континуитетот кој го имаме денес. Навистина многу убаво и поучно искуство за нив.