Одлични резултати на нашите ученици на државниот натпревар по хемија

На 10-ти јуни 2024 година се одржа државниот натпревар за средните училишта на Институтот за Хемија на Природно – математичкиот факултет во Скопје.
На натпреварот, нашите ученици од трета година, под менторство на проф. Билјана Стевоска ги постигнаа следниве резултати:
Митко Савев го освои второто место.
Ученикот Климент Велкоски беше награден со пофалница, а Ангелина Јолеска, Калина Стојаноска и Бобан Мијаковски се здобија со сертификати за учество.