Свечено доделување на дипломите на матурантите од генерацијата 2017/2018

Почитувани.

Во чест на генерацијата матуранти 2017/2018, Ве покануваме да присуствувате на свеченото доделување на дипломи што ќе се одржи на 09.08.2018 год. во дворот на гимназијата “Св.Климент Охридски” – Охрид со почеток во 20 часот.

Од името на учениците и вработените,

директор Весна Цветкоска

ПРОГРАМА

– Отворање со Химната на Република Македонија во изведба на ученичката Ирма Гогова

– Презентација на класовите

– Обраќање на Градоначалникот на Охрид проф.д-р Јован Стојаноски

– Обраќање на директорот на Гимназијата

– Доделување награди на ученици

– Музичка изведба од ученици

– Обраќање кон генерацијата

– Химна Gaudeamus Igitur, затворање на приредбата со фрлање на капи