Историјат

ОХРИДСКАТА ГИМНАЗИЈА – РИЗНИЦА НА ГОЛЕМИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ

 

 

Градбите претставуваат сведоштво за нашето постоење и опстојување. Тие се неми сведоци за времето што одминува, но и за сите искуства кои се наталожиле и се пренеле на идните генерации. Нашата гимназиска зграда е дел од тој историски мозаик-таа е споменик на културата и сведоштво за континуитетот на просветата во нашиот град Охрид.

За тоа како и кога започнала изградбата на денешната гимназиска зграда, каде што подолг период се школуваат голем број средношколци, има различни приказни. архивските материјали говорат дека сегашната гимназиска зграда е изградена во 1908 год, а според други архивски  извори 1912 година. Сакајќи да ја модернизира и унапреди наставата и образованието во Охрид, младотурскиот првак Ејуб Сабри бег , капетан во турската армија , со помош на охридската интелигенција ја започнал изградбата на сегашната гимназиска зграда според француски проект во неокласицистички стил. Во тоа време овој објект бил мошне интересен, бидејќи во почетокот на ХХ век и не постоел друг таков величествен објект во Охрид и околината.  Уште во почетокот, Ејуб Сабри беј се определил оваа зграда да биде наменета за средно образование- гимназија. Градбата на гимназијата (Идадија) започнала по исушувањето на блатото кое тука се наоѓало. Бидејќи гимназијата започнала да се гради пред Балканските војни, тие го попречиле нејзиното завршување.  После војните гимназијата се уште не била завршена, а секоја година била изложена на уривање. Подоцна, финансиските проблеми го забавиле процесот за доградба на гимназијата. Во 1926 година, најпосле, почнува интензивното довршување на гимназиската зграда, бидејќи биле обезбедени повеќе финансиски средства, но за кратко време започнатите работи биле прекинати. Во врска со оваа доградба, дел од охриѓани кои биле огорчени, бидејќи нивните деца се образувале во многу лоши услови, на 7 октомври 1926 година со писмо се обраќаат кон кралот Александар I. Па така, во мај 1927, конечно зградата е довршена и може безбедно да се користи за изведување на настава. Поради тоа што кралот Александар I го овозможил доградуваето на гимназијата, било предложено гимназијата да го носи името
,,Гимназија Њ.В. Краља Александра I“
Конечно на 1 април 1928 година  е извршено свечено предавање на гимназиската зграда.

Задржувајќи го својот примат на институција тековно се менувала дејноста: турска управа, офицерско школо, општина, училиште со интернат.. Во 1937 година двата потпокривни ката биле опожарени и тогашната прекрасна архитектураго губи својот сјајен изглед.

Пожарот во потпокривот или како тогаш се викала –,,масандра“, се вели дека избил на 22 февруари 1937. И покрај сите обиди на населението, војската и пожарната чета, масандрата наполно изгорела . Имало голема штета на учлишниот интернат. Биле извршени поправки на масандрата, а потоа повторно интернатот бил отворен.
За да се надомести изгубеното време за школување и донекаде да се ублажат последиците, била предвидена скратена нормална учебна година за шест месеци. Така, за една година учениците од нижите класови завршувале два класа. Нередовното школување на гимназијата продолжило до учебната 1921/1922 година, од кога се смета дека Гимназијата започнала со нормална редовна работа.

Во 2006 година со грант на Светската банка и логистика на Локалната самоуправа  ќе се изврши реконструкција на зградата враќајќи го нејзиниот оргинален лик.
Според зачуваните извештаи може да се дознае дека во 1918 според објавениот конкурс во I клас биле пријавени 19 ученици, во II клас 8,во III клас 13 и во IV клас 2 ученика. Поради немање доволно услови, наставата која започнала на 17 декември, учениците имале  една училница во која работеле и ги слушале основните предмети заедно сите четири класа.
Бројот на предмети што се предавале во скоро сите четири класа бил 14 и тоа: веронаука, српски и француски јазик, историја, географија, биологија, математика, убаво пишување, пеење, хигиена и др.
Интересно е тоа што уште во 1919 година е формиранФонд за сиромашни ученици. За таа цел, изработен е Правилник за начинот на работа на Фондот и тој броел 36 члена.
Во текот на 1922/23 година Охридската гимназија прераснува во Полна Гимназија (VIII клас)
Бројот на ученици во гимназијата постојано растел, така на пример во учебната 1922/23 имало 352 ученици, со 16 наставника, а во 1926/27 биле 476 ученици.

Меѓу двете светски војни Гимназијата го менувала името. Така, во првите години по војната се викала ,, Српска кралевска гимназија“, а од 1925 е ,,Државна гимназија“. Од крајот на декември 1927 е ,,Гимназија Њ.В. Краља Александра I“,а веќе од 1931 година се вика
,,Државна реална гимназија Њ.В. Краља Александра I“.

Во учебната 1935/36 година Охридската гимназија прераснува во Полна гимназија, бидејќи за прв пат есента биле запишани ученици и во V клас. Како таква, без прекин работела до учебната 1940/41 година.
Во Охридскта Гимназија уште во учебната 1920/21 е формирано литературното друштво ,,Свети Климент“, кое организирало 3 приредби и  концерти на кои биле прикажани скечевите: ,,Љубовно писмо“ , ,,Кир Јања“ и ,, Лага и пралага“.

Од некои изнесени податоци може да се констатира дека најмногу биле застапени ученици на трговци, занаетчии, учители и свештеници, додека пак во одреден период на децата на работниците и селаните им било забрането школувањето во гимназијата.

Како резултат на 10- годишното ефективно работење на Полната гимназија во Охрид, од неа излегле околу 150 ученици со завршено средно образование. Од Охридската гимназија на факултет биле запишани повеќе од 70 ученици. Многу од нив успеале да завршат меѓу двете светски војни, а другите подоцна и станале врвни стручњаци во својата струка. Охридскатагимназија и по Втората светска војна  продолжува со создавање на врвни  кадри и не случајно стана расадник на високообразовани кадри, во сите сфери од животот.
Согласно законските прописи за матурскиот испит, секој ученик којшто ќе завршел осми клас гимназија, морал да полага матура, односно, како што тогаш се нарекувала- испит на зрелоста за одење на студии на факултет. Се полагало пред специјална комисија која ја сочинувале претседател, потпредседател, и 3-5 членови. За матурскиот испит биле предвидени следниве предмети: српски јазик ( писмено и усно), математика ( писмено и усно), општа и народна историја со географија (усно), физика со хемија (усно), ботаника и биологија (усно). Всушност се полагале предмети од сите години, па затоа овој испит бил многу тежок. Според евиденцијата најмногу ученици за полагање на овој испит имало во учебната 1921/22 година –-23 ученици, а го положиле само 13 ученици.

Речиси секоја година, ученичките екскурзии во Гимназијата биле редовно и плански застапени и тоа како дел од културно-забавниот живот и запознавањето на татковината. Задолжително, секоја година учениците ги посетувале поблиските места како што биле: Билјанини извори, Горица, Св. Стефан, Пештани, Св.Наум, Велгошти, Калишта, Стругаи други поблиски интересни места.

Уште од самиот почеток во Гимназијата во Охрид почнале да се фромираат две библиотеки: Наставничка и ученичка.

Наставничката библиотека  била формирана во учебната 1920/21 година. Таа содржена претежно педагошки книги, книги со научна содржина и белетристика. Библиотеката била постојано збогатувана со дела од српските писатели, руски писатели, голем дел српски народни приказни и др. Исто така се водело сметка и за странските јазици, така што на располагање биле учебници по француски и германски јазик, а сосем малку биле примероците од англиски јазик.

Ученичката библиотека била формирана во учебната 1920/21 година. Книгите претежно биле дела од југословенски автори, а пред се од српски писатели. Оваа библиотека била послабо опремена, а книгите обично ги користеле учениците од повисоките класови, бидејќи помалите деца не можеле да ги разберат некои од нив.

АКАДЕМЦИ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ, ДОКТОРИ НА НАУКИ И БОРЦИ ОД ОХРИДСКАТА ГИМАНЗИЈА

Голем број ученици од Охридската гимназија, мошне успешно го продолжиле делото на Св.Климент Охридски. Оние кои успешно го завршиле школувањето во гимназијата, во вистинска смисла на зборот стануваат учители на идните генерации, доктори на науки, универзитетски професори. Дел од ученици кои завршиле во Охридската гимназија, несомнено станале успешни. Од учениците кои завршиле во периодт  од 1919 до 1944 се одделуваат:

  • Академик проф. д-р Димче Коцо по историја на уметноста
  • Дипл. Инж. Борис Чипан, универзитетски професор по архитектура.
  • Академик проф. Петар Серафимовски по градежни науки
  • Проф. д-р Александра Волканоска по медицински науки
  • Проф. д-р Димитар Битрак по математички науки
  • Проф. д-р Ристо Групче по технички науки
  • Проф. д-р Аcен Групче по правни науки
  • Проф. д-р Ристо Коцарев по математички науки
  • Вангел Коџоман – ликовен уметник, универзитетски професор
  • Ставре Филипче- член на Врховниот суд на РМ
  • Петре Пирузе – првоборец и министер за правда во првата влада на Македонија -1945 год.

Навистина, Гиманзијата претставува симбол и крстипат на трите временски димензии: минатото, сегашноста и иднината. Достојно го носи името на Св. Климент Охридски- симбол на непокорноста, истрајноста и вербата во иднината. Зградата на Охридската гимназија и после 100 години како архитектонско дело и денес претставува предизвикзамногуновиградбивоОхрид.