Од вкупниот број на матуранти кои го завршија своето средно образование во гимназијата „Св. Климент Охридски“, 99% се запишаа на факултети во нашата држава, а дел од нив во странство.
94% се запишаа на универзитетите кај нас, од кои 90,7% на државни, а 3,6% на приватни универзитети (ФОН, Brainster Next College, American College), додека 5,7% успешно се запишаа во странство. Генерално, сите ученици кои се запишаа надвор од нашата земја, се запишаа во Словенија и тоа во Марибор, Љубљана и Копер на следните факултети: Финки, Медицински факултет, Електро, Машински, биохемија, моден дизајн, Факултет за хуманистички науки и Спорт.
Најголем број од генерацијата матуранти 2023/24, односно 18% се запишаа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, исто така поголем дел, 14,5% се запишаа на Медицински Факултет (општа медицина, фармација, стоматологија и логопед), 8,7% на Факултетот за туризам, 8% на Економски факултет, 7,2% на Машински, 5% на Електро, 5% ПМФ, 4,34% на Апостол Павле, 4,34% Филозофски факултет, 3,6% на Правен факултет, 2,9% на Филолошки факултет, по 1,4% од учениците се запишаа на следните факултети: Архитектура, Шумарски, Технички факултет, Градежен, по 0,7% се запишаа на Факултетот за безбедност, Воена академија, Технолошки и ДИФ.
Нека ова биде мотивација за нашите сегашни и идни ученици!
Им посакуваме успешна академска година и положени испити!